Македонија
29. јуни 2018 - 11:19

На 12 јули со испорака на поканата почнуваат пристапните разговори со НАТО

- Пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО ќе почнат на 12 јули, со испорака на поканата. Се очекува пристапниот протокол да биде потпишан во јануари 2019, откако ќе заврши имплементација на македонските обврски од договорот со Грција, велат високи владини извори за МИА.

Од тој момент Македонија ќе учествува во сите структури на НАТО и добива столче на главната маса на Северноатлантскиот совет. Македонија ќе биде сместена на масата до Норвешка.

Една до една и пол година од прилика се потребни за ратификацијата на договорот за пристапување во парламентите на сите земји членки на НАТО.

На Самитот на 12 јули ќе има церемонија за врачувањето на поканата кон Македонија. 

Македонија ќе биде дел од работните состаноци на Самитот.

Летово ќе добие план за пристапните разговори, а НАТО ќе испрати и експерти за таа потреба. Сега останува само Македонија да ги спроведе обврските од договорот со Грција.