На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање - 10 октомври на полноќ.
За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.
На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор.
Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 18 октомври.
Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор.
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека 112.000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
