Македонија
29. December 2023 - 12:10

На 1 и 8 јануари бесплатно паркирање во Скопје во зоните А, Б, Ц и Д

 На 1 и 8 јануари, односно Нова година и прв ден Божик, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, известуваат од јавното претпријатие.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нагласуваат дека редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:

-        Зона А0- Водно, 

-        Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и 

-        Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза. 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им ги честита новогодишните празници со желби за добро здравје, мир и благосостојба.