МЗЗПР: На секој вработен заболен од коронавирус на работното место да му биде исплатена 100 проценти плата
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст до Владата со кој бара на секој заразен работник на работното место со
коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 проценти.
– Со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сé работата која ја работат. Истовремено, земајќи ги предвид актуелните случаи на зараза со новиот коронавирус на работните места, на сите работодавачи ќе им биде отстранета недоумицата и ќе им бидат дадени јасни насоки и упатства како да постапат во случај кога нивен вработен е дијагностициран со САРС-КоВ-2 или, пак, ја развил болеста Ковид-19, велат од МЗЗПР.
Досега, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од работното место
поради Ковид-19, Фондот за здравствено осигурување им исплаќа 70 проценти од
платата, исто како за редовно боледување. Според МЗЗПР, со усвојувањето на еден ваков правен акт, ќе може да се оствари правото на боледување како последица на несреќен случај, односно заразувањето со корона вирусот ќе биде признаено како професионално заболување на секој работник кој работел на работно место каде постои потенцијална можност за изложеност на САРС КоВ-2. Со ваквиот пристап и регулација, посочуваат од МЗЗПР, правото ќе може да се оствари и доколку вработениот бил во самоизолација како резултат на контакт со потврден случај на заболен со коронвирусот на работното место. Здружението очекува да биде усвоена оваа уредба на првата наредна седница на Владата.
На 14 мај МЗЗПР побара од надлежните институции да биде признаено професионалното заболување КОВИД-19 за сите работни места и усогласено во Правилникот
за листата на професионални болести.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово