Loading Video...
Кошарка
28. March 2021 - 15:14

МЗТ со победа над Златибор го заврши лигашкиот дел во АБА 2

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром забележа победа над Златибор со 90-71 во натпревар од последното 13.коло на лигашкиот дел во АБА2 
 
Бојан Крстевски со 25 поестигнати поени беше најефикасниот поединец во редовита на МЗТ, додека Николов средбата ја заврши со 18, а двоцифрени беа и Тарнер кој постигна 16 и Стојановски со 14 поени.
 
Кој ќе биде противник на МЗТ Скопје во четвртфиналето ќе зависи од последниот натпревар меѓу црногорските екипи Студентски центар и Подгорица што ќе се игра вечерва (21 часот). 
 
Доколку лидерот на табелата Студентски центар забележи победа тогаш аеродромци ќе завршат на 5.место на табелата и ќе играат против Младост Земун. Во случај на победа на Подгорица вечерва тогаш МЗТ Скопје ќе биде шесто рангиран и за противник ќе ја има екипата на Борац Бања Лука.
 
Вториот македонски престваник Работнички попладнево од од 17 часот против Слобода Ужице ќе го одигра својот натпревар од последната рунда.