Loading Video...
Кошарка
23. May 2022 - 11:48

МЗТ Скопје А. - ТФТ и Пелистер – Еуро Никел во полуфиналето од плеј-офот

Со одигрувањето на последните два натпревари од 10.коло во Суперлигашката конкуренција познат е конечниот пласман на екипите, а со тоа и двојките за полуфиналето. 
 
Триумфот над Гостивар на домашен терен го промовира составот на ТФТ во последен патник во полуфиналето во кое екипата од скопската населба Тафталиџе за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој во Битопа со победата над Пелистер само ја потврди првата позиција. 
 
Битолчани пак за влез во финалето ќе се борат со кавадаречки Еуро Никел кој заврши како трето рангиран. 
 
Полуфиналните плеј-оф серии ќе се играат во два добиени натпревари, а според календарот треба да стартуваат веќе во петок (27 мај) со дуелите во Аеродром и Битола, по што во недела (29 мај) на програмата се вторите средби, а евентуалните мајсторки би се играле во вторник (31 мај).