Loading Video...
Кошарка
2. January 2020 - 19:18

МЗТ Скопје со победа ја започна 2020 година

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со тешка победа на гостувањето во Словенија кај Рогашка ја започнаа 2020-тата година.
 
Македонскиот шампион МЗТ Скопје А. во меч од 14.коло на регионалната АБ„2 лига, ја пшобеди Рогашка со 90-83 и тоа по две одиграни продолженија.
 
Аеродромци го во првиот дел го контролираа резултатот, па на полувреме заминаа со шест поени предност (36-30). Сепак во последната четвртина домаќините дојдоа до минимална предност (33.минута) со 62-61, па во завршните 5.минути, се играше кош за кош, за регуларните 40-минути да завршат со израмнети 67-67. 
 
И во првите дополнителни пет минути немаше победник (7-7), но во второто продолжение искуството на сино-белите дојде до израз па  кошаркарите на МЗТ на крајот засалужено се радуваа на победа со конечни 90-83.
 
Сега МЗТ Скопје има скор од 11-3, односно само една победа помалку од лидерот на табелата Борац Чачак (12-2), 
 
А токму во следното коло МЗТ го очекува дерби дуелот против Борац и тоа на гости во Чачак кој ќе се игра на 9 јануари од 18 часот.