Loading Video...
Кошарка
14. March 2019 - 18:34

МЗТ Скопје подобар од сараевски Спарс во меч од АБА-2 лигата

МЗТ Скопје Аеродром со победа го заокружи лигашкиот дел во АБА.2 конкуренцијата 
 
Македонскиот вице-првак, МЗТ Скопје пред своите симпатизери во Јане Сандански во меч од последното коло, го совлада сараевски Спарс убедливо со 93-77. 
 
Аеродромци беа подобри во текот на целиот меч, па сите четири четвртини ги решија во своја полза (24:23, 21:17, 23:20 и 25:17)
 
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Предраг Самарџиски кој покрај 26 поени имаше и 14 скокови. Двоцифрени беа и Иве Иванов со 19, Џејмс Вудард со 15 и Дамјан Стојановски кој постигна 11 поени.
 
Инаку овие два тима ќе играат и во полуфиналето на АБА2 лигата, во кое вториот пар ќе го сочинуваат Пиморска и Борац
 
Полуфиналната серија подобар до две победи започнува на 20 март, а МЗТ Скопје првиот меч и евентуалната мајсторка ќе ги игра на гостински терен во Сараево.