Loading Video...
Кошарка
7. December 2018 - 10:08

МЗТ Скопје останува со максимален ефект на домашен терен во АБА 2 лигата

МЗТ Скопје Аеродром останува на максимален ефек кога во прашање се настапите на домашен терен во АБА 2 лигата.
 
Аеродромци ја остварија и шестата победа пред својата публика во Јане Сандански, откако во меч од 10.коло го совладаа црногорскиот претставник Сутјеска со убедливи 94:73. 
 
Единствено во првата четвртина гостите беа рамноправен противник, па дури и го добија првиот период со 22:20. Во продолжение избраниците на Кочов заиграа на посакуваното ниво и веќе на полувреме имаа предност од 46:40.
 
Во вториот дел сино-белите од минута во минута ја зголемуваа предноста, која на крајот изнесуваше 21 поени 94:73.
 
Петмина играчи кај МЗТ Скопје средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Бојиќ беше најефикасен со 26 поени, Хрватот, Иванов постигна 21, а Американците, Медфорд и Вудард придодадоа 16 односно 11 поени колку што имаше и капитенот Дамјан Стојановски  
 
Ова беше вкупно седма победа за македонскиот вицепрвак кој има и три порази, скор со кој е на делба на второто и третото место со екипата на Спарс, а зад лидерот Пиморска кој досега не знае за пораз. 
 
Токму сараевскиот тим Спарс е следен противник на МЗТ Скопје во мечот кој ќе се игра на 13 декември во Сараево.