Loading Video...
Кошарка
1. јуни 2021 - 17:04

МЗТ Скопје ќе ја има предноста на домашниот терен во финалето за титулата против Еуро Никел

Утре стартува финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
 
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја има предноста на домашниот терен во финалето за титулата против Еуро Никел. 
 
Иако Кавадарчани беа подобро пласирани во регуларниот дел од сезоната од МЗТ Скопје, сепак аеродромци со ваквата предност се стекнаа благодарение на победите во полуфиналето против Пелистер кој првенствениот дел го заврши на првата позиција. 
 
Така првиот меч во финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ утревечер од 19 часот, по што во петок (4 јуни) дуелот број два се сели во Гевгелија каде кавадарчани ги играат дуелите како домаќини. 
 
Натпреварот број три одново ќе се игра во Скопје во недела (6 јуни), а доколку е потребно четвртиот би се играл во Гевгелија (вторник – 8 јуни), односно евентуалната мајсторка би била во Скопје (четврток – 10 јуни).