Loading Video...
Кошарка
5. јуни 2018 - 16:17

МЗТ Скопје и следната сезона во АБА лигата, но во Втората

МЗТ Скопје  Аеродром и следната сезона ќе биде дел од АБА лигата, но Второлигашката конкуренција. 
 
Ова денеска и официјално го потврдија од клубот, истакнувајќи дека натпреварите  во Втората АБА лигата ќе бидат искористени и за шанса на помладите македонски кошаркари да стекнат поголемо искуство, а воедно ќе се обидат и да се вратат во поелитната конкуренција, во која лани завршија убедливо како последно пласиран тим.
 
Покана за настап во АБА2-лигата од Македонија има уште и Работнички, чија управа има рок најдоцна до 15 јуни да се изнесе дали ја прифаќа поканата. 
 
Покрај МЗТ Скопје и евентуално Работнички, покана за учество во АБА 2 лигата добија екипите на:  Приморска, Рогашка (Словенија), Сплит, Шибеник (Хрватска), Зрињски, Босна (БиХ), Динамик, Борац Чачак (Србија), Ловќен и Сутјеска (Црна Гора).
 
Потсетување дека минатата година во оваа лига настапи екипата на АВ Охрид која освен службениот триумф над Босна Ројал од БиХ, не успеа да оствари ниту една победа.