Loading Video...
Кошарка
23. May 2018 - 11:30

МЗТ Скопје А. и Работнички во втор дуел од финалната серија

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички вечерва од 20 часот во СЦ Јане Сандански ќе го одиграат вториот меч од финалето на плејофот, односно дуелот за шампионскиот трофеј. 
 
Актуелниот шампион и домаќин на вечерашниот дуел, МЗТ Скопје, ќе се обиде пред своите симпатизери да ја анулира негативата од 0-1 во победи,откако првиот меч во „Градски парк“ го добија кошаркарите на Работнички со 86-77. 
 
Потсетување дека финалната серија се игра во три добиени натпревари, по принципот дома-гости наизменично.