Кошарка
6. November 2015 - 13:19

МЗТ Скопје и Работнички ќе играат во четврток

Петтото коло во Првата македонска кошаркарска лига очекувано ќе мине во знакот на вечно градско дерби, меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. 
 
Поради настап на МЗТ во регионалната АБА лига, наместо викендов, дерби дуелот со Работнички ќе се игра во четврток  од 19 часот во СЦ Јане Сандански.
 
Ова коло го носи и првото гевгелиско дерби меѓу дебитантот Бест и Кожув, тим кој вчера и официјално ја заврши соработката со тренерот Боби Митев, а ден претходно остана и без искусниот центар Ратко Варда. Овој меч ќе се игра во сабота од 19 часот, а еден час порано ќе започне натпреварот меѓу Струмица и Куманово.
 
Лидерот на табелата и единствениот непоразен тим во лигата Карпош Соколи во недела во Борис Трајковски од 17 часот го пречекува составот на Фени Индустри.