-->
-->
МЗТ Скопје домаќин на Работнички во вечното кошаркарско дерби
-->
Викендов ќе се одиграат пет натпревари на кошаркарските натпревари во Македонија, три во Супер лигата каде шест екипи се борат за шампионската титула, а два во Плејаут лигата каде четири екипи се борат за опстанок во кошаркарската елита.
Третото коло во тековната натпреварувачка сезона во Супер лигата вечер ќе го отворат градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Натпреварот во „Јане Сандански“ ќе почне во 18 часот.
Час подоцна и преостанатите четири екипи кои се борат за престиж во домашното првенство ќе ги започнат меѓусебните пресметки. Кожув во Гевгелија ќе го нагости трикратниот шампион во домашното првенство Фени Индустри, додека Карпош Соколи го пречекува Куманово.
Во Плејаут лигата пак, Вардар формално ќе ги одигра последните свои натпревари во Првата кошаркарска лига. „Црвено-црните“ сè уште се на дното на табелата, без ниту една победа (16 бода по 16 одиграни натпревари) и се сигурен патник во еден ранг послабо натпреварување. Третиот натпревар во Плејаут лигата за Вардар ќе биде гостување кај АВ Охрид кој засега е сигурен на врвот со 22 бода и две победи зад себе во оваа лига.
Директна борба за опстанок во ’елитата’ ќе водат екипите на Струмица и на Пелистер. Двете екипи се на делба на второто место на табелата во Плејаут лигата со по 21 бод. Победникот од овој дуел ќе има значителна предност во однос на противникот во преостанатиот дел од првенството
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак