Кошарка
3. January 2019 - 14:51

МЗТ Скопје А. домаќин на Приморска

Македонскиот вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром во овие моменти го игра натпреварот против Приморска. Во дуел од 14.коло од регионалната АБА 2 лига, МЗТ Скопје пред својата публика во Јане Сандански игра против лидерот на табелата, словенечката екипа Приморска. 
 
Иако во тимот на аеродромци,поради повреда недостасуваат тројца кошаркари (Медфорд, Младеновски и Маслинко), сепак избраниците на тренерот Кочов ќе се обидат да му го нанесат само вториот пораз на словенечкиот тим, а со тоа да го одржат притисокот за првите две места на табелата. 
 
Во таква ситуација, тренерот Ѓорѓи Кочов апелира навивачите да дојдат во што поголем број .
 
„Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога ни најмногу потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме с од себе за да победиме во овој исклучително важен меч за нас“ изјави Кочов.
 
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Приморска започнува од 18 часот.