Кошарка
6. July 2017 - 15:16

МЗТ Скопје доби покана за гостување во Кина

 
 
 
Доминацијата на домашната сцена и шесте освоени титули во низа на МЗТ Скопје Аеродром добија свој оддек и на светската сцена, откако во канцеларијата на клубот денеска дојде официјална покана за 20-дневна турнеја во далечната Кина, каде што сите трошоци (пат и сместување) би била платени од организаторот.
Иницијативата доаѓа од кошаркарската федерација на кинеската провинција Џиангсу, која нѐ кани на меѓународниот турнир „Четири нации“ на кој покрај сино-белите ќе настапат уште репрезентацијата на Порторико, силна универзитетска селекција од САД како и најдобрите четири екипи од првенството на Кина. Според предложеното, МЗТ Скопје Аеродром би одигра 8-12 натпревари во терминот помеѓу 20 септември и 10 октомври.