Loading Video...
Кошарка
13. јуни 2019 - 16:29

МЗТ Скопје брка трета победа над Работнички за освојување на титулата

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред домашната публика ќе атакува на третата победа над вечниот ривал Работнички, со која аеродормци би ја освоиле шампионската титулата. 
 
„Сино-белите“ важат за големи фаворити, особено по одиграното во првите два дуели, но и фактот дека противникот мака мачи со повредени играчи, со што Докузовски дополнително ќе има уште помал број на расположливи играчи. 
 
Доколку МЗТ Скопје ја потврди фаворитска  улога ќе ја освои својата вкупно седма титула, а втора во меѓусебните пресметки против Работнички во финалето од плеј-офот 
 
Почетокот на вечерашниот натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за 20 часот и 15 минути .