Loading Video...
Кошарка
14. јуни 2019 - 15:31

МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја заврши со три златни и еден бронзен медал

Седмата шампионска титула на екипата на МЗТ Скопје Аеродром не е случајност. Напорната работа и стратегијата која ја има клубот сега веќе изминатата сезона е крунисана со три златни и еден бронзен медал
 
Со триумфот над вечниот ривал Работнички во финалето на Прволигашката конкуренција екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја заокружи можеби најуспешната сезона во историјата на клубот. 
 
Аеродромци може да се пофалат и со златните медали во, сениорската второлигашката конкуренција со што клубот се стекна со право на втор тим во елитата, како и шампионската титула која јуниорите ја освоија во конкуренцијата на играчи до 18 години, а кадетите (екипата до 16 години) покрај сите пехови на завршниот фајлан-фор турнир на крајот го освоија бронзениот медал 
 
Со Грнчаров се согласува и капитенот воедно и најкорисниот играч на финалето Дамјан Стојановски кој смета дека МЗТ пропушти голема шанса да се врати и во првата АБА лига 
 
Како што најави спортскиот директор, иако сезоната само што заврши веќе од „утре“ целокупниот тим ќе биде насочен и ќе работи следната сезона да биде уште поуспешна.