Loading Video...
Кошарка
6. March 2019 - 16:57

МЗТ Скопје Аеродром на тешко гостување кај Сутјеска

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го играат претпоследниот меч во групната фаза на АБА 2 лигата. Македонскиот вице-првак МЗТ Скопје има тешко гостување во Никшиќ кај Сутјеска во претпоследниот меч од лигашкиот дел. 
 
Аеродромци кои се сигурни учесници во плејофот, ќе се обидат во двата последни меча, вечерва со Сутјеска и за шест дена пред својата публика против сараевски Спарс да остварат победи, а со тоа и да го завршат лигашкиот дел на 2.место на табелата, токму пред босанскиот тим кој впрочем ќе биде и противникот на МЗТ во полуфиналната рунда. 
 
МЗТ Скопје во моментов е на 3.место на табелата со една победа помалку (14-6) во однос на Спарс (16-5). Приморска е убедливо прва со само еден пораз (19-1), додека за четвртото место кое води во разигрувањето ќе се борат Динамик, Борац и Сутјеска кои имаат идентичен скор 11 победи и 9 порази
 
Вечерашниот дуел меѓу Сутјеска и МЗТ Скопје Аеродром започнува од 19 часот.