Loading Video...
Кошарка
4. јуни 2021 - 19:05

МЗТ Скопје Аеродром го дели една победа од шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се на чекор до освојување на шампионскиот трофеј и Еуро Никел го играат вториот натпревар од финалето на плејофот 
 
Аеродромци попладнево на дуелот одигран во Гевгелија, славеа победа славеа победа над Еуро Никел со 95-91 со што поведоа со 2:0 во победи во серијата подобар до три. 
 
Иако во најголемиот дел од мечот кавадарчани беа оние кои имаа предност, сепак во последната четвртина избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ одиграа на посакуваното ниво и го добија периодот 28:22, доволно за на крајот да слават победа со четири поени разлика (95-91)
 
Првата меч топка сино-белите ќе ја имаат веќе во  недела  во „Јане Сандански“ за кога е закажан третиот меч од финалето.