Loading Video...
Кошарка
10. December 2017 - 19:02

МЗТ прокоцка 19-поени предност и загуби од Морнар

 
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром забележа нов пораз во рамките од АБА лигата., овојпат од црногорскиот тим Морнар 
 
Ниту новиот тренер Жељко Лукајиќ не донесе победа за МЗТ Скопје во регионалната АБА лига. 
 
Аердоромци прокоцкаа 19 поени предност во дуелот со Морнар кој на крајот заслужено се радуваше со конечни 72-69, на средбата одиграна во СЦ „Јане Сандански“,  а во рамките од  11.коло на АБА лигата. 
 
Иако МЗТ во 28.минута водеше со највисоки 19.поени разлика (59-40), а во последната четвртина влезе со +15 (63-48), сепак очајната игра во нападот во последниот период во кој постигнаа само 6 поени, а противникот дури 24, на крајот резултираше со деветтиот пораз, по кој македонскиот шампион останува закован на дното на табелата. 
 
Бојан Трајковски со 17 поени беше најефикасен кај нашиот тим, за кој по 11 уфрлија, Симоновски, Лалиќ и Мајсторовиќ. 
 
Во следното 12.коло МЗТ Скопје гостува во Белград кај Партизан во мечот кој е закажан за сабота (16 декември) од 19.часот.