Loading Video...
Кошарка
26. September 2018 - 19:43

МЗТ подготвен за стартот на сезоната

Кошаркарите на МЗТ Скопје утре ја отвораат сезоната со натпревар од АБА 2 лигата против словенечкиот Хелиос.

Во таборот на металците истакнуваат дека екипата е подмладена и дека ќе се кали низ натпреварите во домашното првенство и втората Јадранска лига која и покрај тоа што е послаба од елитната АБА лига сепак според тренерот на екипата Ѓорѓи Кочов  располага со квалитетни екипи од кои 4-5 според него можат да играат во првата АБА лига.

За капитенот Дамјан Стојановски најважно е да се стартува со победа бидејќи Хелиос е доста непознат противник.  Како ќе тече Втората АБА лига така и повеќе информации ќе има за противниците и полесно ќе биде да се подготви тактика.

Средбата со Хелиос се игра утре четврток во 19ч.