Кошарка
26. April 2018 - 19:46

МЗТ ја совлада Блокотехна

Во интересен меч кошаркарите на  МЗТ Скопје славеа против Блокотехна со 87-73 во дербито на колото од домашното првенство.
Домаќинот со подобра игра во вториот дел стигна до посакуваната победа иако слабо го започна мечот и дозволи гостите да ја добијат првата четвртина убедливо со 27-11.
Во втората металците возвратија и на крајот од третиот дел резултатот беше израмнет.
Во последната четвртина МЗТ доминираше со 26-12 и ги израдува своите фанови.
Вејд од Блокотехна беше најефикасен со 26 поени додека кај МЗТ се истакнаа Синовец со 22 и Крафорд со 21 поен.