Кошарка
3. April 2018 - 18:52

МЗТ го назначи Кочов на местото на Лукајиќ

Македонскиот првак МЗТ СКопје Аеродром денеска се раздели од искусниот стратег Жељко Лукајиќ  и на неговото место за нов тренер на екипата го назначи првиот помошник, Ѓорѓи Кочов.

Српскиот тренер заминува поради приватни причини и сега останува 33 годишниот Кочов кој претходно го водеше КК Вардар да ја доврши сезоната.  Негов прв предизвик е утрешниот  првенствен дуел со Блокотехна а генерална задача е одбрана на титулата.

          Лукајиќ со тимот од Аеродром го освои националниот куп но имаше скромен учинок во Јадранската лига.