МЗШВ: Објавен јавниот повик за техничка поддршка за организирање и спроведување локални манифестации и саеми
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за користење на техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи во Република Македонија.
Како што се наведува во соопштението од Министерството, на јавниот повик можат да конкурираат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопански комори, земјоделски задруги, со доставување предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.
– Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација и по корисник. За реализација на добиената техничка поддршка, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки, а во рок од десет дена по завршување на манифестацијата/саемот треба да достават извештај за реализираната активност до Министерството, стои во соопштението.
Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од сто отсто од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Рокот за поднесување на потребната документација со предлозите е до 28 февруари 2020 година и истите треба да се достават до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со назнака за Сектор за рурален развој.
Локалните манифестаци и саеми се важни за промоција на македонските земјоделски производи и размена на искуства во делот на земјоделското производство, се наведува во соопштението и се додава дека повеќе информации можат да се добијат на следниот линк http://www.mzsv.gov.mk/
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи