МЗШВ: Исплатата на субвенците ќе продолжи деновиве
Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.
Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.
И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.
- По завршување на процедурите за депонирање на потписот на новиот директор на Платежната агенција во Централен регистар, очекуваме деновие да почне исплатата на субвенциите, информираат од МЗШВ.
Земјоделците чекаат Златков официјално да стапи на позицијата директор, како што им е соопштено, и до крајот на неделава да почне исплатата на субвенциите. - Во петокот Министерството ни соопшти дека денеска треба да се депонира потписот на новиот директор на Платежната агенција, а тоа значи дека наредните денови ќе почне исплатата на субвенциите, изјави претседателот на Федерацијата на фармери Никола Стаменов.
Исплатата на субвенциите беше стопирана по последните парламентарни избори поради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, МЗШВ изготви предлог-измени, но на владината седница на која тие се разгледуваа, беше заклучено Антикорупциската комисија да се произнесе околу можноста за реализација на поддршката откако ќе ги согледа сите законски решенија кои го регулираат овој процес.
Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава, а за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година се обезбедени 100 милиони евра.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово