Македонија
25. October 2017 - 15:55

МЖСПП: Потребна е кампања за управувањето со електронски отпад

Со донесување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за управување со електрична и електронска опрема, управувањето со овој вид отпад делумно е подобрено, но потребна е и  кампања за посигнување успешна имплементација.

Ова денеска било констатирано на конференција на тема „Предизвици во управувањето со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори“ во организација на лиценциран колективен постапувач Елколект- Скопје. 

Као што соопштија од Министервото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), в.д. директорката на Управата за животна средина Билјана Зефиќ нагласила дека покрај силната кампања која треба да се спроведе за промовирање на законите потребно е и  воспоставување на структура за имплементација на законодавството.

Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема чија основна цел е да воспостави функционален и одржлив систем за постапување со овој вид на отпад.