МЗ: Зголемен бројот на пациенти со мултипла склероза кои се на третман со иновативна терапија
Министерството за здравство, денеска соопшти дека во соработка со граѓанските здруженија посветено работи за унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза.
- Во 2019 година повеќекратко е зголемен бројот на пациенти кои се на третман со иновативната терапија Ocrelizumab, и тоа од девет пациенти кои минатата година беа на третман со оваа терапија, сега истата ја примаат вкупно 43 пациенти со оваа дијагноза. Лековите за мултипла склероза се достапни за сè поголем број пациенти. Моментално се лекуваат 534 пациенти што е зголемување за 47 отсто наспроти пред две години (362). Исто така за 263 отсто е зголемена и достапноста на високоефикасните лекови за истиот период, 109 наспроти 30 пациенти, наведуваат од Министерството за здравство.
Со примањето на иновативните лекови,како што додаваат, може да се контролира прогресијата на болеста, а првпат во јавното здравство обезбедена е и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија.
Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот