МЗ: За пациентот кој почина беа обезбедени лекови, но тој не дошол да ги прими
Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој пред неколку дена почина од пулмонална хипертензија.
– Иако за пациентот, министерот за здравство Венко Филипче, обезбеди лекови, за жал поради неговата претходно влошена здравствена состојба, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал. Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест Министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања, стои во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека во моментов во Македонија има шест пациенти со ваква ретка болест и за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни.
За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа. Измените на позитивната листа на лекови се во тек и се во собраниска процедура, наведуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
-
Левица: Незастарување на кривичните дела на јавните функционери – единствен излез од правната криза
-
Симовски: Пристапот преку VPN апликација се регистрира и се чува како доказ за упаѓање во системот
-
Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на Пописот
-
Во Словенија зголемен број лажни ПЦР-тестови на границата
-
Кисела Вoда најави дека улиците ќе ги чисти во 2001 година
-
ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“
-
ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување