МЗ: Во октомври исплата на паричниот надомест за докторите на приватна специјализација
Министреството за здравство соопшти дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на денешната седница донесе Одлука за исплата на месечен паричен надоместок на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година со што се исполнети формалните услови за негова исплата за трудот и ангажманот на оваа група специјализанти.
- Конкретно, сметано започнувајќи од месец јуни 2018 година, односно за повеќе месеци ретроградно, средствата ќе им бидат префрлени кога ќе се врши исплатата на плата во целиот здравствен сектор за месец сепетември, 2018 година, се наведува во соопштението.
Воедно, од Министерството за здравство изразуваат уверување дека, покрај нивото на разбирање за овој проблем од страна на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година, соработката на стручно и административно ниво ќе продолжи во нагорна линија.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри