МЗ: Тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба
Тринаесет заболени со морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести.
Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус.
Примени се и три деца меѓу кои едногодишно дете од Тетово со тешка клиничка слика кое е на Одделот за интензивно лекување и во тек е дијагностичка обработка, 20-месечно дете од Кисела Вода, кое има пневмонија и четиримесечно дете од Куманово со пневмонија. Сите деца се невакцинирани.
На Клиниката за инфективни болести во моментов има 21 пациент со морбили од кои седум се возрасни и 14 деца главно под една година. На Одделот за интензивно лекување освен детето во тешка состојба има и еден возрасен пациент на 56 години, кој е ставен на апарат за механичка вентилација, а за кој во текот на денов ќе се добие потврда дали станува збор за морбили.
Амбулантски се прегледани шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои тројца се возрасни, двајца невакцинирани и еден со непознат вакцинален статус, а три се деца од кои едно е со една доза вакцина додека другите две се невакцинирани. Сите се од Скопје. На домашно лекување ќе бидат пуштени пет пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Од прогласувањето на епидемијата во декември, досега, се регистрирани 280 заболени, а тројца починаа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица