Македонија
7. September 2019 - 11:27

МЗ: Следува подобрување на условите во јавните здравствени установи

Во врска со текстот објавен денеска во медиумот Мета.мк, дека Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, по предлог-ребалансот на буџетот усвоен на последната владина седница, би сакале да го потенцираме следното:

– Со ребалансот на буџетот, средствата наменети за изградба на амбуланти во рурални средини во износ од 3 милиони денари се пренаменети во програмата 1а – изградба и реконструкција на јавни здравствени установи (ЈЗУ) кадешто во Министерството за здравство во тек е објавен оглас за реконструкција на ЈЗУ во коишто се планирани и амбулантите во руралните средини, со што предвидена е поголема сума на средства за оваа програма. Во наредниот период, значително ќе бидат подобрени условите во здравствените установи како за пациентите, така и за вработените.

Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за било какво појаснување или одговор во секое време.