Македонија
9. July 2018 - 14:43

МЗ набавува 12 амбулантни возила за ИМП, а уште три се очекуваат од донација

Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош, а дополнително се очекуваат уште три возила за ИМП од донација во следниот период.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил. 

Ова ќе значи зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за ИМП, кои ќе бидат распределени во установите каде е најкритична состојбата и каде недостигаат.