Македонија
19. November 2020 - 15:23

МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 820 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравствои додаваат дека бројката на хоспитализирани се менува од час во час.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19.  Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп  116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството за здравство.