МЗ: Дваесет и петгодишниот пациент починал во Систина и имал хронично заболување
Дваесет и петгодишниот пациент од Гевгелија кој се најде во денешната статистика на починати лица од Ковид – 19 имал хронично заболување. На прашање на Фокус каде се лекувал пациентот и дали имал хронични болести, од Министерството за здравство само кратко одговорија дека пациентот починал во приватната болница „Систина“ и дека имал хронично заболување.
-Пациентот е пријавен од болницата „Систина“, пацинетот имал хронично заболување, се вели во одговорот на Министерството за здравство без да наведат какво заболување имал.
Во денешната Ковид-статистика во којашто има 33 починати, регистрирано е и починато лице на возраст од 40 години од Тетово и 49-годишно лице од Битола.
Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 април е регистрирано намалување од 13,4 проценти на бројот на заразени во однос на претходната недела, но се регистрира зголемување на починатите лица од околу 6 проценти. Во овој период пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица на возраст од 30-39 години.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО