Македонија
7. January 2019 - 17:02

МЗ: Досега 1.102 деца примиле МРП вакцина

Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот МРП вакцина примиле 23 деца.

Досега се вакцинирани 1.102 деца. Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), инфомираат од Министерството и апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија.

Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, од утре ќе работат во две смени, од 07:30 до 19 часот