МЗ: Буџетот за пациентите со дијатебес за 2020 година е 750 милиони денари, во 2017 година изнесувал 562 милиони денари
Министерството за здравство соопшти дека со Предлог-буџетот за 2020 година, се обезбедуваат инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходните години.
За споредба, во 2016 година, како што се посочува, буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари.
Во 2017 година е значајно намален и изнесувал 562 милиони денари. Во 2018 година бележи зголемување и тој изнесувал 650 милиони денари. Во 2019 година, буџетот за пациентите со дијабетес изнесува 692 милиони денари, а за 2020 година предвидено е да изнесува 750 милиони денари. Воведени се три нови инсулини, кои се најнова генерација на лекови, од кои еден „тресиба“ е наменет за децата. Дополнително, набавени се и 10 инсулински пумпи, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница