Македонија
6. August 2020 - 16:54

МЗ: 22 годишно момче почина од компликации со корона, 113 новозаразени

22 годишен пациент од Скопје е меѓу 6 –мината починати од компликации од Ковид-19 изминатото деноноќие во Македонија. Тој е најмладиот кој ја загуби битката со вирусот. Како што иформираше министерството за здравство пациентот имал Даунов синдром и во тешка состојба бил примен во ГОБ 8 септември каде го лекувале 3 недели. Останатите двајца починати се исто така од Скопје, а по еден од Куманово, Струга и Охрид на возраст од 48 до 83 години. 

Инаку после три дена двоцифрени, денеска повторно се регистрирани трицифрени бројки на новозаразени. Изминатите 24 часа потврдебни сед 113 нови случаи од направени 1543 тестирања. Најмногу има во  Скопје-35, Штип-23, Гостивар-15, Охрид 6. 

ИЈЗ евидентираше уште 259 оздравени. Во моментот во земјава има 3402 активни случаи.

Поради лошата епидемиолошка состојба македонските граѓани ниту наредните 15 дена нема да можат да влезат во Црна Гора ниту со тест. Иако имаше најави дека поради лошата сезона тамошните власти ќе ги отворат вратите за традиционалните гости меѓу кои се и македонците, нашата земја не се најде ниту на таканаречената „жолта листа“ според која само нивните соседи Албанија, Косово и Босна и Херцеговина од утре ќе можат да влезат на црногорска територија, но ќе им биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

 Грција како и останатите членки на ЕУ реши да не ги отвора границите до 15 август, па засега македонските граѓани на море во регионот без ограничување можат да одат само во Албанија и Турција, а за Бугарија и Хрватска  потребни се тестови.