Македонија
19. October 2021 - 13:27

МВР: Законите важат и за Максим Димитриевски, затемнети стакла причина за драмата во Куманово

Максим Димитриевски актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Куманово, денеска е следен од возило на МВР, застанат, како што вели, без образложение и земени му се документи. Со полициска придружба со ротациони светла возилото на градоначалникот на Куманово, кој овие избори оди како независен кандидат е однесено на технички сервис.

Од полицијата за Слободен печат изјавиле дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.

– Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, информираат од МВР.