Македонија
19. October 2021 - 13:44

МВР: Внатрешна контрола ќе го расчистува случајот со Максим Димитриевски

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со случајот со актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски кој на социјалните мрежи објави видеа како полицијата го следи со возило и го спречува во тековното работење како кандидат во рамки на изборната кампања.

„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот.

МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“, велат од МВР.