Македонија
13. April 2017 - 19:00

МВР со зајакнати безбедносни мерки во празничните денови

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во пресрет на велигденските празници ќе преземе низа безбедносни мерки и активности, согласно сoодветните оперативни планови за работа, за нивно непречено одвивање, како и во насока на заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на објектите и на граѓаните.

- Со оглед на глобалните терористички закани од страна на терористичката ИСИЛ, во коишто цели се и верски објекти, како што беа неодамнешните напади во Египет, потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата, стои во соопштението.