Loading Video...
Македонија
4. March 2021 - 16:32

МВР со предупредување до родителите за социјалната мрежа „Тик-Ток“

Родителите да внимаваат што гледаат нивните деца на социјалните мрежи, алармира МВР. Надлежните добиле известување од Интерпол дека на социјалната мрежа „Тик Ток“ од профили од Русија и Израел се шири повик за самоповредување.

- Нема таков случај ниту на територија на нашата држава ниту на околните држави од она што го контактиравме со соседните полиции. Ние сакаме да апелираме на време за да се избегнат несакани случувања, велат од МВР.

Во изминатиот период имаше низа случаи кадешто се објавуваа видеа со насилна содржина на социјалните мрежи. Таков беше и случајот во Ресен каде што малолетници сквернавеа гробишта. Од МВР велат дека тие веднаш реагираат по пријавите. Но сепак родителите се тие кои треба будно да ги следат активностите на нивните деца.

Социјалната мрежа „Тик Ток“ е инсталирана на мобилните повеќе од 2 милијарди пати откако се појави во 2016. Најчести корисници се малолетниците. Првичната идеја беше со апликацијата да се креираат смешни и забавни видеа. Но сега, се почести се видеата со насилство.