Македонија
28. March 2020 - 14:34

МВР со остри мерки - изминатата ноќ биле приведени 94 лица кои не го почитувале полицискиот час

Секој ден по 100-тина граѓани не го почитувале полицискиот час открива анализата на Министерството за внатрешни работи.Од воведувањето на забраната за движење, која се применува од минатата сабота, до сега полицијата открила над 500 лица кои се движеле во време на полициски час.. Најголем број или 459 се на возраст од 18 до 67 години.. Меѓу прекршителите на забраната за движење има и малолетници. Изминатата недела во време на полициски час регистирани се 28 лица под 18 години. Речиси половина од граѓаните кои не ја почитувале забраната за движење завршиле во полициска станица.

Дел од лицата кои не го почитувале полицискиот час ќе одговараат и кривично.. МВР поднело пријави за близу 160 граѓани.

Според извештајот на МВР досега во земјава изјава за самозизолација потпишале над 9.000 лица.. 123 од нив не ја почитувале мерката па им се поднесени кривични пријави.

Министерот Наќе Чулев најави дека се разгледува барањето на сопствениците на домашни миленици да се движат во време на полициски час.

Во меѓувреме од МВР велат дека и денеска се очекува да слетаат два авиони со македонски државјани,  од Љубљана пристигнуваат 130 лица, а специјален лет доаѓа и од Минхен.. Сите веднаш ќе бидат сместени во државен карантин.