Македонија
27. October 2021 - 16:26

МВР со детали за вчерашниот пожар во бараките кај Градски парк

МВР ги објави деталите за пожарот кој вчера избувна во бараките на поранешниот суд за прекршоци.

- На 26.10.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ настанал пожар во бараките на поранешен суд за прекршоци, велат од МВР.

Во пожарот повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.