Македонија
28. August 2018 - 11:22

МВР со детали за трагедијата на патот Градско-Прилеп

МВР ги соопшти деталите од вчерашната трагедија на магистралниот пат Градско - Прилеп.

-  На 27.08.2018 година во 11,20 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп во близина на бензинската пумпа “Лукоил“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици, а управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „Фиат Фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп. Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т, стои во соопштението на полцијата. 

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот