Македонија
23. February 2018 - 10:48

МВР со детали за тешката сообраќајка на скопска обиколница

Вчера во 17.15 часот на обиколницата пред клучка „Радишани“, во правец од село Стајковци кон населба Радишани, дошло до судир помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ. (55) од Скопје и патничко возило „Застава југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д. (48) од село Кучевиште, скопско.

Притоа, на местото на несреќата починал З.Д., а В.Ѓ. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.