МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Охрид-Кичево - Познат идентитетот на загинатиот и повредените
Едно лице загина, а четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца.
Од МВР за Курир информираат дека во несреќата учествувале ,автомобил „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и автомобил „тојота корола“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.
На местото на незгодата починал Г.Р, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
-Со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., негов сопатник С.Б.(62) од Охрид и малолетен сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“ од с.Долна Белица, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, велат за Курир од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи