Македонија
12. August 2019 - 11:34

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Градско-Прилеп, познат идентитетот на загинатото лице

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 8:30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36), информираат од МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.