Македонија
12. July 2018 - 10:45

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Соборна

Четири лица од кои едно потешко се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“.

Во несреќата учествувале  „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и  „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д.Б.(65) од  с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од полицијата.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.