Македонија
19. August 2022 - 13:05

МВР со детали за сообраќајката на „Водњанскa“: Малолетник управувал со возилото

Утринава во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ со ул.„Тодор Александров“ и ул.„Белградска“ патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.

Според детали на МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.